Утрински Весник
Македонија

Се отстранува летната тераса на кафе-бар во Центар

Се отстранува летната тераса на кафе-бар во Центар

По налог на Општина Центар и врз основа на Решението од 20 мај, започна отстранувањето на доградбата на кафе-барот „Правда“ на улица „Мирослав Крлежа“.

По направениот увид од овластен градежен инспектор, констатирано било дека инвеститорот не поседува одобрение за доградба на објект, како и решение за поставување градби. Доградбата е изградена од целосно застаклена метална конструкција, како и платформата што е покриена со штици.

„Упатувам апел до сите инвеститори, кои имаат добиено решенија, самостојно да ги отстранат нелегално изградените објекти. Во спротивно, Општината ќе пристапи кон присилно административно извршување. И наредниот период Секторот за инспекциски работи на Општина Центар ќе продолжи со контролите и со инспекциските надзори“, изјави градоначалникот Богдановиќ.

Во согласност со Буџетот на Општина Центар, за 2021 година се планирани 12 милиони денари за уривање на бесправно изградени објекти.

Можете да прочитате

Минчев: Имплементацијата на реформските процеси е клучна за евроинтеграција на Македонија

Средба на државниот обвинител Савески со амбасадорот на ОБСЕ Вал

АВМУ се огласи по односот на новинарот на прес-конференција во Тетово кон министерката Јаневска