Утрински Весник
Свет
Img 7972

Се отвораат кината и театрите во Србија, дозволени се и концерти

Се отвораат кината и театрите во Србија, дозволени се и концерти
Img 7972

Српскиот епидемиолог Предраг Кон изјави дека Кризниот штаб на Владата на Србија за борба против епидемијата на коронавирусот донесе одлука од понеделник да дозволи да се одржуваат културни настани со присуство на публика.

На прес-конференцијата на Кризниот штаб во Србија, Кон рече дека одлуката се однесува на кино и театарските претстави, евентуално и на концерти, со сите ограничувања и почитување на мерките што се пропишани.

Тој додаде дека одлуката се однесува само на културните институции и дека за сите други настани или институции, забраната за собирање повеќе од десет лица останува во сила.

„Присуство на публиката е дозволено, но не смее да има повеќе од 500 луѓе. Самите организатори мора да се придржуваат кон сите мерки, а најосновниот услов е тие да мораат да носат маски и да почитуваат физичко растојание од 1,5 метри, или едно празно место меѓу луѓето”, рече Кон.

Тој додаде дека посетите во геронтолошките центри се дозволени поради поповолната епидемиолошка состојба, со препорака тие посети да бидат на отворено.

Според него, епидемиолошката состојба постепено се подобрува, но опасноста е сè уште присутна и „доколку нема дисциплина, тоа јасно ќе влијае на бројот на прегледи и на хоспитализирани“. Кон исто така рече дека Институтот „Батут“ формирал специјален тим за следење на состојбите во училиштата по почетокот на учебната година.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Путин: Ако има добра волја, Русија и САД можат да го продолжат Договорот Нов СТАРТ

Меланија Трамп: Путин одговори на моето писмо, украинските деца се вратија кај семејствата

Граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет ќе се отвори на 14 октомври