Утрински Весник
Спорт

Се ожени Усман Дембеле

Се ожени Усман Дембеле

Усман Дембеле се уште не го продолжил договорот со Барселона. Додека се чека епилогот, Дембеле реши да се ожени. Никој од неговиот клуб не бил поканет на венчавката.

Венчавката била организирана според мароканската традиција, бидејќи неговата сопруга е од Мароко. На венчавката присуствувале само роднините и неколку пријатели. Сите морале да приложат сертификат за вакцинација или негативен ПЦР тест.

На венчавката која се одржала во Франција, присуствувал само еден фудбалер, Дајо Умапекано од Баерн Минхен.



> Се ожени Усман Дембеле <

Можете да прочитате

Арсенал и Баерн обезбедија место во осминафиналето на Лигата на шампионите

Заврши првата фаза на Европското првенство во ракомет

Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија опен