Утрински Весник
Македонија

Се одржа првиот музички хепенинг на покривот на „Џевахир скај сити“

Се одржа првиот музички хепенинг на покривот на „Џевахир скај сити“

Скопје, 4 мај 2020 (МИА) – За време на празничниот викенд се одржа првиот музички хепенинг на покривот од една од кулите на „Џевахир скај сити“.

– Од 41. кат од кулата А, на висина од 130 метри, Наде Талевска и Горан Наумовски, Тринити Стрингс и Диџеј Тодорофф со своите изведби ги забавуваат граѓаните за време на празничниот викенд, соопштуваат од прес-службата на Општина Аеродром.

Овој музички настан можеше да се следи во живо преку пренос, а на граѓаните од целата држава што се вклучија во него им понуди одлична забава.

Овој музички настан беше во организација на Општина Аеродром и „Џевахир скај сити“, а целта, како што посочуваат од општината, беше преку следење на музичкиот настан граѓаните да се приклучат кон хепенингот и на овој начин, секој од својот дом, иако одвоени, сепак заедно да поминат убава вечер во дружба и забава.фф/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Димитриевски: МАНУ им припаѓа на сите

ВМРО-ДПМНЕ: Од кога долг кон компанија е кривично дело?

Уапсен гостиварец баран со потерница за издржување казна затвор