Утрински Весник
Македонија

Се одбележува 11ти февруари – Меѓународен ден на девојките и жените во науката

Се одбележува 11ти февруари – Меѓународен ден на девојките и жените во науката

Северна Македонија е лидер во Европа според бројот на жени истражувачи кои имаат учество од 53% во вкупниот број на истражувачи во државата и тоа е потврдено во последниот објавен извештај на УНЕСКО. Им честитам на сите млади девојки и жени од овие простори кои одлучиле да се занимаваат со наука. Тие се значаен столб на кој се потпира севкупниот општествено економски тек и напредок, а секако имаат и придонес кон глобалниот развој, истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешната конференција организирана од страна на сопругата на претседателот на државата Елизабета Ѓорѓиевска, а по повод 11ти февруари – Меѓународниот ден на девојките и жените во науката, на која учествуваа и повеќе други високи претставници од државата и од регионот.

Тој рече дека жените научнички заслужуваат посебна почит од општеството. Особено од институциите на системот кои мора постојано да им овозможуваат што подобри услови и можности за работа и нивниот труд соодветно да биде вреднуван, како мотив за дополнителни заложби.

„ Владата токму тоа и го прави. Само во изминатата календарска година преку јавни повици, околу 243 милиони денари буџетски средства беа доделени за да се поддржи реализацијата на научно – истражувачки проекти од посебен јавен интерес кои ги спроведуваат јавните научни установи, како и за подобрување на условите за работа во лабораториите на јавните високообразовни и научни установи“, рече Шаќири.

Додаде и дека стимулативна мерка за создавање нови научници се и стипендиите за втор и трети циклус на студии во државата. Како што рече, првите вратени по 10тина години откако беа укинати, а вторите, оние за докторски студии се воведени за прв пат. Изрази уверување дека трендот на постојан раст на буџетот за наука ќе продолжи и во иднина.

Министерот рече дека Северна Македонија ќе продолжи и во иднина да учествува во глобалното одбележување на овој ден, затоа што оваа иницијатива на Обединетите нации ја сензибилира родовата еднаквост и ја истакнува подготвеноста на жените да дадат придонес кон научната дејност, додавајќи дека неодамна државата ја поддржа и

Љубљанската декларација за родова еднаквост во истражување и иновации.

Можете да прочитате

Уставниот суд се иззема за предлог законот за независните кандидати

Средба на директорот на Бирото за јавна безбедност Јанев со генералниот комесар на литванската полиција, генерал Паулаускас

Тошковски: Бројките за семејното насилство се загрижувачки