Сменетиот претседател на Шри Ланка, кој оваа недела побегна во странство, прво на Малдиви, а потоа во Сингапур, најави дека ги презел сите можни чекори за да ја спречи економската криза во која се најде оваа островска земја.
Парламентот на Шри Ланка вчера ја прифати оставката на Готабаја Раџапакса, кој побегна од земјата поради антивладините демонстрации во кои учествуваа стотици илјади гневни граѓани.
Генералниот секретар на Парламентот, Дамика Дасанајаке, официјално го прочита писмото за оставка на Раџапакса, чија содржина претходно не беше позната на јавноста.
Во тоа писмо, Раџапакса оцени дека финансиската криза во Шри Ланка ги има своите корени во годините на лошо управување со економијата што му претходеа на неговото преземање на претседателската функција и за време на пандемијата со Ковид-19, која драстично ги намали приходите од туризмот и парите што граѓаните на Шри Ланка на привремена работа во странство ги испраќаат во земјата.
„ Моето лично верување е дека ги презедов сите можни чекори за решавање на оваа криза, вклучително и повикување на парламентарците да формираат влада на национално единство од претставници на сите партии – се наведува во писмото.
Парламентот на Шри Ланка денеска се состана и го започна процесот на избор на нов претседател.
Премиерот Ранил Викремесинге, сојузник на Раџапакса, кој е единствен претставник на неговата партија во парламентот, положи заклетва како вршител на должноста претседател на Шри Ланка додека не се избере нов претседател.