Утрински Весник
Свет

Се огласи Нетанјаху по примирјето: Не знаете што сè се случуваше

Нетанјаху ја брани полициската агресија против Палестинците

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денеска дека израелската операција во Газа е успешна и дека му нанела штета на Хамас.

„ Ја сменивме равенката со Хамас“, рече Нетанјаху во првото обраќање пред новинарите по прекинот на огнот со палестинскиот Хамас, пренесува весникот „Харец“. Тој додаде дека Израел нема да дозволи нови ракети од Појасот Газа.

„ Ако Хамас мисли дека ќе добиеме и најмало парче ракета, се лаже. Ќе одговориме со поинаков интензитет. Она што се случи нема да се повтори”, рекол Нетанјаху, а пренесува „Џерусалим пост“.

Нетанјаху нагласи дека јавноста, а ниту Хамас, не знаат сè што се случувало.

„ Сите наши достигнувања ќе бидат откриени со време. Можам да кажам дека сме направиле храбри и нови работи. Ако беше неопходна инвазија на копно, ќе започневме, но мислам дека можевме да ја достигнеме целта на побезбедни начини”, додаде Нетанјаху.

Примирјето меѓу Израел и Хамас започна утрово во 2 часот по локално време.

Можете да прочитате

Путин загрижен за безбедноста на Трамп: Се надевам дека ќе биде внимателен

Сибирски студ во Централна и Источна Турција со температури 20 степени под нулата

Руската армија незапирливо напредува: паднаа уште две важни места на рутата Донецк