Утрински Весник
Македонија

Се обновуваат спортските игралишта во Аеродром

Се обновуваат спортските игралишта во Аеродром

Скопје, 6 мај 2020 (МИА) – Спортските игралишта во Аеродром добиваат нов лик. Општината почна да ги обновува и да ги реконструира според сите светски стандарди.

– Мултифункционалните подови се со врвен квалитет и се наменети за безбеден спорт и рекреација, сертифицирани и признати од ФИБА и ИТФ. Во реконструкцијата се опфатени повеќе спортски игралиштата на неколку локации низ општината, соопштуваат од прес-службата на Општина Аеродром.

Покрај нив, Општина Аеродром почна да ги реконструира и детските игралишта.

– Наш главен приоритет е јакнење на спортскиот дух во Аеродром, изјави градоначалникот Златко Марин.фф/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Утрово забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Ристовска: Изборот на Јавен обвинител мора да биде заснован на квалитет а не на подобност

Од авионот до системот: Kолку чини неодговорноста?