Утрински Весник
Македонија

Се нормализира јавниот градски и меѓуградски превоз од и кон Куманово

Се нормализира јавниот градски и меѓуградски превоз од и кон Куманово
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 19 мај 2020 (МИА) – Владата на денешната седница го прифати предлогот за нормализирање на јавниот градски и меѓуградскиот јавен превоз од и кон Општина Куманово, соопшти премиерот Оливер Спасовски на својот фејсбук профил.

На оваа седница, како што информира тој, е прифатен и предлогот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство со кој патниците од странските земји кои влегуваат на територијата на Република Северна Македонија, по завршување на временскиот период од 21 ден или 14 дена во задолжителен државен карантин, веќе нема да бидат упатувани на дополнителна домашна самоизолација. мс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кривична пријава за екс градоначалникот на општина Чашка

Во струшко запленети над 23.000 парчиња пиротехника

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче зборува дека се живее тешко а отиде на одмор во Дубаи