Утрински Весник
Свет

Се нормализира животот во Шангај – се отвораат продавници и трговски центри

Dik 300x250 mk

Шангај од утре преминува во нова фаза на контрола на епидемијата на Ковид-19, што подразбира постепено нормализирање на животот.

Властите ќе дозволат трговските центри и продавниците повторно да се отворат и луѓето во областите со „низок ризик“ да се вратат на работа, објавија градските власти.

Железничкиот сообраќај исто така ќе продолжи да се одвива нормално, а ќе се зголеми и бројот на домашни летови до градот, објави денеска заменик-градоначалникот Зонг Минг на онлајн прес-конференција, пренесува „Ројтерс“.

Како што беше речено, бројот на лица на јавни места сепак ќе треба да се ограничи на 75% од капацитетот, а за влез сите ќе треба да достават негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа.

Затворањето во Шангај од почетокот на април му зададе сериозен економски удар на најнаселениот кинески град, предизвика дебата за одржливоста на националната политика на нулта толеранција кон Ковид-19 и ги поттикна стравувањата од идни затворања и прекини.

Можете да прочитате

Зеленски за ситуацијата на фронтот: Разберете колку ни е тешко

Едно лице повредено при делумно уривање на средновековна кула во Рим

Орбан: Финансирањето на Украина не е работа на Унгарија