Утрински Весник
Македонија

Се навршуваат 680 години од осветувањето на Полошкиот манастир

Се навршуваат 680 години од осветувањето на Полошкиот манастир

Кавадарци, 6 мај 2020 (МИА) – Се навршуваат 680 години од осветувањето на Полошкиот манастир „Свети Ѓорѓи“, кој сега се наоѓа близу брегот на втората по големина вештачка акумулација Тиквешко Езеро и до него се стигнува само по воден пат, потсетува историчарот Петре Камчевски.

– Станува збор за еден од најзначајните и најубавите културно-историски споменици од средниот век во Македонија. Полошкиот манастир се наоѓа на дваесетина километри југозападно од Кавадарци и е познат по прекрасно изработениот фрескоживопис, по убавата архитектура, предметите од резба како полиелејот од 1492 година, за кој се смета дека е најстарата датирана резба, големиот крст со распетието од 1584 година, вратите во плитка резба, престижните икони, а имал и богата библиотека која имала повеќе од 50 товари со книги, вели Камчевски.

Во манастирскиот комплекс се изградени и два нови конаци, со можност за развој на туризмот во овој крај. свд/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ахмети: Пред 122 години на Илинден Македонците и Албанците беа заедно, сега сме едни наспроти други

Делегација на СДСМ предводена од потпретседателката Каја Шукова оддаде почит во Скопје, по повод Денот на Републиката

Бленди Ходаи: За Кочани ќе нема правда зашто институциите се фокусираа на контаминација на гневот и револтот на граѓаните