Утрински Весник
Македонија

Се монтира опремата за новото дигитално кино во Велес

Се монтира опремата за новото дигитално кино во Велес
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Велес, 21 мај 2020 (МИА) – Во салата „Бели Мугри“ при Локалната библиотека во Велес, по монатажа на проекторот со засилувачите на звук и големите звучници за ефекти (вуфери), неделава  беа монтирани рамката за платно, звучниците, како и каблите за поврзување на досега монтираната опрема,информираат од Општина Велес.

Со тоа по скоро две децении велешани повторно ќе добијат кино со најсофистицирана техничка опрема за прикажување на дигитално кино, со можност за следење на 3D филмови.

Воедно, покрај техничката опрема, во рамки на проектот, сцената во салата ќе биде соодветно прилагодена за потребите на кино прикажувањето и други мултимедијални настани.

Велешкото градско кино сместено во зградата на Синдикатот во центарот на градот не работи скоро дваесет години.

Во меѓувреме од 2013 година кино проекции на филмови имаше во салата на театарот со најсовремен дигитален кино проектор што им го подарија од Министерството за култура .

Последниве две години поради прегорена ламба на кино проекторот  и негово нефункционирање, граѓаните на Велес немаат можност  да следат никакви  кино проекции на големото бело платно. ад/ев/


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Последната фаза од кампањата на ВМРO-ДПМНЕ е репресија и политички прогон, велат од СДСМ

Кој прв, а кој последен ја дочекува Новата година според временските зони

Сообраќајна несреќа го блокира патот Кочани – Штип