Утрински Весник
Македонија

Се менува начинот на организирање и наплата на паркиралиштето „Дилајла“ и подземното паркиралиште во ООУ „Киро Глигоров“

Се менува начинот на организирање и наплата на паркиралиштето „Дилајла“ и подземното паркиралиште во ООУ „Киро Глигоров“

На барање на жителите на населбата Капиштец, Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на општина Центар“ – Скопје воведува промени во начинот на организирање и наплата на паркиралиштето „Дилајла“ и подземното паркиралиште во ООУ „Киро Глигоров“, со цел да се реши проблемот со паркирањето во овој дел на општина Центар и да им се овозможи на жителите полесен и побезбеден пристап до нивните живеалишта.

Од денес, пуштен е во употреба новиот систем за контрола на влезно-излезните рампи на паркиралиштето „Дилајла“ кое ќе функционира како паркиралиште од затворен тип. Жителите резиденти на ул. Васил Ѓоргов бр.29 и ул. Козара бр.68 ќе имаат бесплатен пристап, додека за останатите граѓани цената за паркирање на паркиралиштето ќе биде иста како и во сите комерцијални паркиралишта во Зона 1 – 60 денари за 1 час.

Подземното паркиралиште во ООУ „Киро Глигоров“ ќе биде резидентно паркиралиште за жителите на ул. Васил Ѓоргов бр.33 и 33а.

„Заедно со градоначалникот остваривме неколку средби со граѓаните кои живеат во опфатот на овие паркиралишта и заеднички дојдовме до ова решение со цел да го решиме паркирањето во овој дел на општина Центар и да воведеме поголем степен на контрола и ред во паркирањето за да им овозможиме на жителите полесен и побезбеден пристап до нивните домови“, изјави директорот на ЈП Паркинзи на општина Центар, Васко Кичевски.

Одлуката за користење на јавното паркиралиште во ООУ „Киро Глигоров“ и новиот Правилник за користење на јавни паркиралишта, донесени од Управниот одбор на ЈП Паркинзи на општина Центар, беа изгласани на 42. седница на Советот на Општина Центар одржана на 06.2.2020 година.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме

На „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минути до 60 минути