Утрински Весник
Македонија

Се истражува тешка сообраќајка на патот Прилеп – Битола, во која загина 36-годишна жена

Се истражува тешка сообраќајка на патот Прилеп – Битола, во која загина 36-годишна жена
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На патот Прилеп – Битола, вчера во попладневните часови се случи сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот, а едно е потешко повредено.

Како што информираат од прилепското основоно јавно обвинителство, според првичните сознанија, во несреќата учествувале три возила – „фиат дукато“ со прилепска регистрација, „ауди А8“ со бугарска регистрација и „фиат добло“ со прилепски ознаки.

Во незгодата животот го загубила сопатничка во возилото „фиат добло“, на возраст од 36 години. Сопатникот во автомобилот „ауди А8“, на возраст од 19 години, најпрвин бил хоспитализиран на одделението за интензивна нега во болницата во Битола, а потоа поради сериозноста на повредите бил префрлен на Клиничкиот центар во Скопје.

Веднаш по извршениот увид, јавен обвинител издал наредби за обезбедување докази за утврдување на причините за несреќата, како и наредба за обдукција врз телото на починатата.​

 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

АМСМ: Блокиран патот Берово-Струмица поради собир, магла кај Ресен

Мицоски: За мене Македонија е свето име

Банкарски работник зголемувал лимитите на неговата и картичката на сопругата, ќариле над 10.000 евра