Утрински Весник
Македонија

Се истражува смртта на 11-годишно дете од штитенички дом во Демир Капија

Основното јавно обвинителство Кавадарци во координација со МВР, изврши увид во семејна единица во село Корешница, Демир Капија, каде синоќа почина 11-годишно дете, штитеник на Специјаниот завод Демир Капија.

Како што информираат од обвинителството, починатото момче било згрижено во семеен дом пред еден месец, откако претходно било пронајдено како целосно запуштено живее само во исклучително лоши услови во Охрид.

Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатото дете, во насока на откривање на причините за настанатата смрт.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нека направи дистинкција од МВР и ЈО, ако во нивно време тоа беше едно, сега се различни институции

Семејствата на пациентите со мускулна дистрофија бараат да се обезбеди нова генерација лекови

Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители