Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Се зголемуваат водостоите на реките

Се зголемуваат водостоите на реките
300x250 opst2

Скопје, 1 април 2020 (МИА) – Водостоите на речиси сите реки во земјава се пониски од просечните за април, но имаат благо зголемување во однос на вчера.

Според последните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), исклучок се реките Пчиња на мерното место кај Пелинце каде водостојот е повисок за осум сантиметри од просечниот, Вардар кај Демир Капија со ниво повисоко за четири сантиметри од просечното и Струмица кај Ново Село каде водостојот е ист со просечниот за април. Намалување, пак, на нивото во споредба со вчерашното имаат реките Лепенец кај Скопје, Пчиња кај Пелинце и Катлановска Бања и Струмица кај Ново Село.

Водостоите на сите природни езера се исти како вчера, но кај Охридското и Преспанското Езеро се пониски од просекот за април, додека нивото на Дојранското Езеро е за 2,82 метри повисоко од повеќегодишниот просек за овој месец.вј/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Алејата на ангелите во Кочани повторно зборува без зборови

Николоски од Охрид: Кирил Пецаков ќе има историски најголема победа

Филипче од Струмица: Даскаловски е човек од теренот, СДСМ се враќа и ќе победи