Утрински Весник
Македонија

Се затвораат пазарите во Кочани и Облешево како заштита од КОВИД-19

Се затвораат пазарите во Кочани и Облешево како заштита од КОВИД-19

Кочани, 16 март 2019 (МИА) – Кризниот штаб на општина Кочани денеска донесе одлука за привремено затворање на Градскиот пазар во четврток, кога е пазарен ден, како заштитна мерка против коронавирусот.

Слична одлука донесе и Општина Чешиново-Облешево која го затвори сточниот пазар во Облешево што се одржува во вторник.

На седницата на Кризниот штаб кој работеше во проширен состав, беше заклучено да продолжи доследното почитување на забраната за масовни собири и настани на отворен и затворен простор, за да се елиминираат сите можности за ширење на вирусот.

-Затворањето на пазарот ќе биде сè додека траат препораките од Владата, а ќе работат само малите зелени пазари за храна, при што ќе треба да се води поголема грижа за заштита на купувачите и продавачите. Од службите во Одделението за внатрешни работи побаравме да ни обезбеди список на сите лица кои во изминатиот период допатувале во Кочани од високо и средноризичните земји, а ќе се контролираат и сообраќајните влезови во градот, посебно за возилата со странски регистерски таблички. Исто така, упатуваме апел до граѓаните да го пријавуваат секое непочитување и неодговорно однесување на угостителските и слични објекти за кои важи забрана за работа, истакна градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

Општинскиот Кризен штаб заклучи дека е неопходно да се ангажира Мобилниот сервис за домашна посета кој ќе им помага при снабдувањето со храна, лекови и хигиенски артикли на старите и изнемоштени, како и на лицата со посебни потреби. та/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Муцунски се сретна со Сијарто

Бочварски: Гледаме секојдневни скандали, лош почеток на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ

Тошковски: Системот од камери за сообраќајни прекршоци мораме да го имплементираме правилно, со тоа ќе спасиме човечки животи