Утрински Весник
Македонија

Се запали автобус на ЈСП во Нерези

Се запали автобус на ЈСП во Нерези
Dik 300x250 mk

Неколку минути пред пладне, во двоспратен автобус „Јутонг“ кој сообраќа на линија 57 избувнал пожар, во кој за среќа нема повредени патници, причинета е само материјална штета.

Во моментот на опожарувањето, автобусот бил на последната/почетната постојка во Нерези и во него немало патници, информираат од ЈСП.

Внатрешната контрола на ЈСП Скопје веднаш излегла на терен, при што, од изјавата на возачот и околни сведоци, констатирала дека пожарот избувнал во делот кај што се наоѓа моторот.
Благодарение на присебноста на возачот и неговата брза реакција, избегната е поголема штета, велат од ЈСП.

Возачот употребил два ПП апарати, а во меѓувреме интервенирало едно противпожарно возило.

Случајот е пријавен и во МВР и во тек е утврдување на причините за настанот.

Фото: Илустрација

Можете да прочитате

Шок во Капиштец: 10-годишно дете каснато од глушец на игралиште поради ѓубрето во градот

Судир меѓу три возила во Тетово: едно лице со тешки повреди пренесено во болница

Алиу: Нашата цел е МЗ да стане пример за институција која функционира транспарентно, плански и професионално