Утрински Весник
Македонија

Се доградува регионалниот пат кон селото Калиманци

Се доградува регионалниот пат кон селото Калиманци

Виница, 11 јуни 2020 (МИА) – Општина Виница го почна проектот за пробивање и доасфалтирање на регионалниот патен правец кон селото Калиманци, за што инвестира 19 милиони денари.

Изградбата на патот почнала пред две и пол децении, а се очекува дури летово да биде конечно завршена. Градежната механизација е ангажирана на делницата меѓу селата Црн Камен и Калиманци, со должина од околу 3,5 километри, колку што преостануваат за целосно комплетирање на сообраќајницата.

– Се работи на довршување на стариот патен правец кој некогаш бил единствена сообраќајкна врска меѓу општините Виница и Делчево. Во 1993 година почнала неговата реконструкција и асфалтирањето, но подоцна е заборавен и останал некомплетиран. Општина Виница обезбеди средства преку Јавното претпријатие за државни патишта, и денеска ја стартуваме финализацијата на недовршената должина од патот, истакна Ивица Димитров, градоначалник на Виница.

Регионалниот патен правец е со широчина од 3,5 метри и со неговото комплетирање ќе се обезбеди квалитетно сообраќајно решение за поврзување на Виница со соседната општина Делчево, како и за жителите од ридско-планинските населени места во двете општини. та/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нема место за паника – најавена почесна артилериска стрелба во Скопје по повод Денот на Армијата

МВР не дозволи учество на „Маршот за ангелите“ на луѓе од други градови

На „Табановце“ се чека околу 40 минути за излез од државата