Утрински Весник
Македонија

Се дезинфицираа улиците во Жданец и Трнодол

Се дезинфицираа улиците во Жданец и Трнодол

Скопје, 29 март 2020 (МИА) – Комуналните служби на Општина Карпош денеска ги миеја и дезинфицираа улиците во населбите Жданец и Трнодол. На терен работеа две цистерни на локалната самоуправа, а улиците се миеја со посебно средство за дезинфекција на јавни површини, соопштија од Општина Карпош.

Од Општината наведоа дека активноста се спроведува во повеќе наврати, во сите 14 урбани заедници.

– Општина Карпош ги набави овие цистерни на почетокот на годината и независно од актуелната состојба со корона вирусот, истите секојдневно работеа, со цел да се подигне нивото на јавна хигиена. Периодов, само се интензивираше работата на комуналните служби со цистерните, при што, улиците се мијат и дезинфицираат во две смени. На терен се работи и со две машини за миење под висок притисок (т.н. вапови), кои служат за чистење и миење на тротоарите, платоата и плоштадите, а се користи и рачен вшмукувач за лисја и ситен отпад. Со оваа опрема се чисти и на пофреквентни места, информираа од Општина Карпош.

Општината, како што посочија, продолжува со секојдневното миење и дезинфекција на јавните површини. см/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје