Утрински Весник
Македонија

Се дезинфицираат училиштата во Карпош

Се дезинфицираат училиштата во Карпош

Од утре, овластената фирма за дезинфекција, дезинсекција и дератизација која ја ангажираше Општина Карпош, продолжува со дезинфекција на останатите девет основни општински училишта, пред стартот на наставната година од 1 октомври.

Минатата недела беше целосно дезинфицирано ООУ „Лазо Трповски„ во Карпош 3, а од утре ДД .заштитата (дезинфекција, дезинсекција и дератизација) ќе продолжи во ООУ „Петар Поп Арсов, во Карпош 4, „Аврам Писевски“ во Бардовци и „Христијан Тодоровски Карпош“ во Карпош 1.

Во вторник ќе се дезинфицираат просториите на училиштата „Јан Амос Коменски“ во Тафталиџе 1 и „Братство“ во Тафталиџе 2. Во среда, 23 септември ќе се врши ДДД прскање во „Војдан Чернодрински„ кај Млечен, како и во школото „Владо Тасевски“ во Козле и во „Вера Циривири Трена“ во Карпош 2.

Се предвидува целосната дезинфекција, дезинсекција и дератизација во основните училишта во Карпош да заврши во четврток, 24 септември, односно една недела пред учениците да почнат со наставата.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Групни и индивидуални маски низ вевчанските улици

Судиите на 29 јануари ќе избираат член на Судскиот совет од редот на судиите од немнозинските заедници

Судот му изрече 17 години затвор на турскиот државјанин кој уби сонародник во кафуле во Штип