Утрински Весник
Македонија

Се гради канализација во населеното место Усје

Се гради канализација во населеното место Усје

Скопје, 9 јуни 2020 (МИА) – Со средства од Општина Кисела Вода се гради канализација во населеното место Усје. На терен се одвиваат градежни активости за поставување на канализацијата, а увид денеска во работата изврши градоначалникот на општината Филип Темелковски, заедно со претседателот на општинскиот Совет, Дарио Шимиќ и секретарот на Општината Александар Алековски.

Како што соопштуваат од Општината, градежните активности се одвиваат забрзано. Досега се завршени 180 метри од канализациската мрежа која се гради на седум крака со вкупна должина од 2986 метри.

Фекалниот систем се гради со профили на цевки Ф500, Ф250 И Ф300, согласно хидротехничките услови за приклучување и конфигурацијата на теренот.

-Конечно после долги години проблеми поради немање на систем за одведување на отпадни води, по завршувањето на работните активности подобри услови за живот ќе добијат околу 1500 жители. Во следните осум, месеци работите на терен ќе ги врши фирмата „Енергомонт“, наведуваат од Општината. скс/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Претпладне магливо по одделни котлини, попладне сончево со умерена локална облачност

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија