Утрински Весник
Македонија

Се возело и со 213 километри на час, 297 возачи казнети за брзо возење на територијата на државата

Се возело и со 213 километри на час, 297 возачи казнети за брзо возење на територијата на државата

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што се санкционирани 297 возачи. Според информации од МВР забележан е возач со брзина од 213 километри на час.

Полицијата соопшти дека 21 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Можете да прочитате

Мицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2 денари и иста цена или минимално покачување на дизелот

Мицкоски: Бројките од анкетите не мотивираат дополнително да работиме

Душица Мрѓа за Кочани: Мицковски и Филипче ја саботираат Анкетната за кочани