Мими е првото куче од прифатилиштето на ЈП Лајка, кое си го најде својот дом. Вистински љубител на кучиња си го пронајде својот иден миленик и веќе ја запозна Мими со своето идно семејство.
По згрижувањето во прифатилиштето, кучето Мими уредно ги поминало сите третмани: крвно испитување, негативен тест на лишманија по акредитирана метода, негативен 4D тест, стерилизација, вакциниција од беснило и заразни болести, информираат од Лајка.
Оваа слатка убавица мала по раст е само една од изборот на кучиња спремни за вдомување во прифатилишето на ЈП Лајка, кои со нетрпение чекаат да го најдат својот иден вдомувач.