Утрински Весник
Македонија

Се бара притвор за Шпанец кој во Скопје продавал кокаин и хероин

Се бара притвор за Шпанец кој во Скопје продавал кокаин и хероин

Скопското основно јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против шпански државјанин за кој постои сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Осомничениот 35-годишен Шпанец со престојувалиште во Скопје, на 28 октомври, на улицата Цветан Димов во внатрешниот лев џеб на јакната заради продажба неовластено држел пакување хероин со тежина од 10,39 грама и две пакувања кокаин во тежина од 0,70 грама.

Дрогата била пронајдена и одземена при рутинска контрола и личен претрес на осомничениот.

Јавниот обвинител доставил предлог за определување мерка притвор за 35-годишниот странски државјанин.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ВМРО со однапред смислено сценарио за јавен линч на Филипче, велат од СДСМ

Демант на МСПДМ во врска со ЈУМЦСР Тетово

МЗ: Предлог-законот за заштита од пушење не е удар по угостителството, туку заштита на правото на здраво работно место