Утрински Весник
Македонија

Се бара притвор за дилер од Скопје

Се бара притвор за дилер од Скопје

Скопското обвинителство донесе наредба за спроведување на истражна постапка ротив 42-годишен скопјанец поради неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Од Обвинителството информираат дека осомничениот во текот на февруари набавил одредено количество  марихуана и амфетамин од непознато лице.

„Осомничениот ги препакувал во помали пакувања и ги подготвил за продажба. При преглед на неговиот автомобил, на 28 февруари, полициски службеници откриле вкупно 16,21 грам марихуана и 8,73 грама амфетамин спакувани во повеќе полиетиленски пакувања“, велат од Обвинителството.

Доставен е предлог за определување мерка притвор на осомниченото лице.

Можете да прочитате

Филипче: Додека течат криминални тендери на народот му се сервира јавен линч врз опозицијата

ДУИ си игра пинг-понг со животите на граѓаните, велат од ВРЕДИ

Апсење во Гостивар: Судски службеник нудел бришење казна за 100 евра