Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Се бара притвор за арачиновец кој во домот криел автоматска пушка

Се бара притвор за арачиновец кој во домот криел автоматска пушка
300x250 opst2

Скопското обвинителство поведе постапка против 26-годишен жител на Арачиново кој во домот криел автоматска пушка.

„Согласно Наредбата за спроведување истражна постапка, осомничениот 26-годишен жител на Арачиново, на 9 септември, во својот дом држел автоматско оружје – пушка МР 40 со калибар 9мм Para, како и 16 куршуми од тој калибар. Станува збор за оружје и муниција кои на граѓаните им се забранети, а биле пронајдени при претрес во домот на осомничениот“, информираат од Обвинителството.

До судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје јавниот обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, за кое постои опасност да се даде во бегство, да се обиде да ги сокрие трагите на кривичното дело или да влијае на сведоците, како и можност да го повтори делото.​​

Можете да прочитате

Синдикатот на културата ја доби тужбата за скратените плати во култура

Левица загуби во суд против АВМУ за тужбата за платено политичко рекламирање

Мицкоски: Има над 80 кривични пријави во фиоките на Обвинителство, а клучот е некаде на Бихаќка