Утрински Весник
Македонија

Сеќавање во Битола и цвеќе за бранителите кои во 2001 година загинаа во селото Гајре

Сеќавање во Битола и цвеќе за бранителите кои во 2001 година загинаа во селото Гајре
Dik 300x250 mk

Битола, 4 јуни 2020 (МИА) – Градоначалникот на Битола Наташа Петровска, делегации од јавни национални и локални институции, припадници на полицијата и армијата денеска пред споменикот „Ангел“ во Битола положија цвеќе и одржаа комеморација, по повод 19 годишнината од смртта на македонските бранители Влатко Миленковски, Благојче Силјановски и Пеце Матичевски кои во 2001 година загинаа во близина на селото Гајре.

На традиционалниот настан посветен на младите битолчани кои својот живот го изгубија во 2001 година, градоначалничката Наташа Петровска изрази сочувство до семејствата на загинатите бранители.

-Изминаа 19 години од немилиот настан, но чувствата не одминуваат. Нашите сограѓани недостигаат, а ваквите моменти малку повеќе треба да не’ отрезнуваат. Голем е споменот и долгот кон нив, рече меѓудругото Петровска пред присутните учесници на комеморативниот настан што се одржа во Битола.мт/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Без разлика на етничката, верската и политичката припадност, на 2 ноември да се обединиме во Кичево

МВР: Добиени дојави за бомби во неколку училишта во Скопје и во Куманово

Притвор за двајца раководители од „Комунална хигиена“ – сомненија за загрозување на животната средина