Утрински Весник
Спорт

СЕХА го исклучи Вардар од Ф4, на нивно место Загреб

СЕХА го исклучи Вардар од Ф4, на нивно место Загреб

Извршниот комитет на СЕХА-лигата одлучи на Вардар да му го ускрати учеството на рекордниот 10. Фајнал фор турнир во Задар, Хрватска, исклучувајќи го од натпреварувањето од 3 до 5 септември и на нивно место поставувајќи ги ППД Загреб.

Ова доаѓа откако еден член на Вардар бил позитивен на КОВИД-19 при тестирањето во Хрватска на 31 август, по што сите кои биле во контакт требаат да одат во изолација според новите правила воведени од Европската Унија.

„По внатрешната дискусија, извршниот комитет ги прегледа документите, препораките и се согласи дека здравјето на сите учесници на натпреварувањето не смее да биде загрозено. Затоа Вардар е исклучен од Фајнал 4 турнирот, а бидејќи ППД Зареб играа со нив во четврт-финалето и бидејќи беа најдоброрангираниот тим во регуларната сезона, тие ќе бидат повикани како тим за замена“, се вели во одлуката на СЕХА.

> СЕХА го исклучи Вардар од Ф4, на нивно место Загреб <

Можете да прочитате

Косовските репрезентативци наградени со 500.000 евра пред дуелот со Турција

Вардар нема да наплаќа билети за дербито со ГРК Охрид

Стадионот во Приштина е премал да ги прими сите заинтересирани за дуелот Косово – Турција