Утрински Весник
Свет

Сеулската полицијата негира дека исчезнатиот градоначалник е мртов

Сеулската полицијата негира дека исчезнатиот градоначалник е мртов

Јужнокорејската полиција ги отфрли извештаите во медиумите за смртта на градоначалникот на Сеул, Парк Вон-Сун, кој исчезна утрово, а потрагата продолжува, пренесува јужнокорејската новинска агенција „Јонхап“.

Претходно утрово, „ Јонхап“ извести дека полицијата почнала операции за пребарување откако градоначалникот на јужнокорејската престолнина Сеул бил пријавен за исчезнат.

Извештајот тврдеше, повикувајќи се на полицијата, дека потрагата по градоначалникот Парк Вон-Сун е во тек во населбата Сунгук Сунгбук, каде што последен пат бил забележан сигналот од неговиот мобилен телефон.

Исчезнувањето го пријавила ќерката на градоначалникот, кој контактирала со полицијата велејќи дека не може да го најде својот татко.

Подоцна, Ким Jи-Хјеонг, службеник од градската влада на Сеул, изјави дека градоначалникот не се појавил на работа и ги откажал сите свои состаноци, вклучително и состанок со претседателски службеник во неговата канцеларијата во Градското собрание.

Парк Вон-Сун беше избран за градоначалник на главниот град во 2011 година и беше избран за неговиот трет и последен мандат минатата година. Како член на Демократската партија на претседателот Мун Јae-ин, градоначалникот Парк Вон-Сун се смета за потенцијален претседателски кандидат на изборите во 2022 година.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Светот во 2024 / САД – Избори како никогаш досега и “паразит што изел парче од мозокот на Кенеди”

Спречен терористички напад во Москва

Белгија без нова Влада и 200 дена по изборите