Утрински Весник
Спорт

Сетиен: Нерешениот исход со Наполи е позитивен резултат за Барселона

„АС“: Кике Сетиен ќе биде нов тренер на Барселона

Неапол, 26 февруари 2020 (МИА) – Тренерот на Барселона, Кике Сетен по нерешениот резултат (1:1) со Наполи во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите, рече дека резултатот може да се смета за позитивен.

– Нема да можеме да сметаме на Серхио Бускетс и Видал во возвратниот натпревар, но ќе најдеме решение да го надоместиме нивното отсуство. Во принцип, ова е позитивен резултат за нас. Го контролиравме најголемиот дел од натпреварот, но малку ни недостасуваше во третата зона во борбата против ваквата организирана одбрана. Наполи добро играше во дефанзива, но и ние добро ги запревме нивните контранапади.

Реваншот е закажан за 18 март во Барселона. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Данска противник на македонската репрезентација во полуфиналето на плејофот за СП 2026

Во Цирих ќе бидат извлечени двојките за плејофот за СП 2026

Почнува кампања против дискриминација во фудбалот