Утрински Весник
Спорт

Сетиен „кова“ стратегија за „Ел Класико“ заедно со Гвардиола

Сетиен го одбил предлогот на Меси за замена на Суарез

Барселона, 27 февруари 2020 (МИА) – Селекторот на Барселона, Кике Сетиен, го шпионираше Реал Мадрид за време на синоќешниот натпревар во Лигата на шампионите меѓу „белите“ и Манчестер Сити.

Менторот на каталонскиот тим не помина незабележано на „Сантијаго Бернабеу“. Според „Què t’hi jugues!“ тренерот на Барса по дуелот заминал во хотелот на Пеп Гвардиола.

Двајцата се во многу добри односи, а Сетиен сигурно побарал совет за претстојното „Ел Класико“.

„Граѓаните“ успеаја да направат пресврт против „лос бланкос“ во средата вечерта.

Во недела Барса гостува во Мадрид со предност од два бода во Ла Лига.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026