Утрински Весник
Спорт

Сестрата на Роналдо бесна: Кражбата почна!

Сестрата на Роналдо бесна: Кражбата почна!

Јувентус во првото коло од новата сезона во Серија А одигра 2:2 кај Удинезе. Италијанскиот фудбалски гигант во самата завршница испушти водство од 2-0 на полувремето, а во 94. минута му беше поништен погодок за победа на Кристијано Роналдо.

ВАР „го улови“ Португалецот во милиметарски офсајд, а судијата Пезуто по прегледувањето на снимката го поништи голот и ги разгневи навивачите на „Старата дама“.

Веднаш на друштвените мрежи започнаа расправии, а се јави и Елма – сестрата на CR7.

„Да ги имаше моите рамена немаше да бидеш во офсајд. Ти требаат помали. Кражбата почна“ напиша таа.

> Сестрата на Роналдо бесна: Кражбата почна! <

Можете да прочитате

Скандал го тресе чешкиот фудбал – Масовни апсења

УЕФА го отфрли барањето на клубовите од Премиер лигата за проширување на составите за ЛШ

ФИФА откажа 2.000 хотелски резервации за СП 2026 година во Филаделфија