Утрински Весник
Магазин

Сестрата на Мараја Кери ја тужи за „одмаздољубива“ книга

Сестрата на Мараја Кери ја тужи за „одмаздољубива“ книга

Постарата сестра на Мараја Кери ја тужи американската пејачка и бара оштета од 1.2 милиони американски долари за „голем емоционален стрес предизвикан од наводите во нејзините мемоари“.

Во својата тужба, Алисон Кери се осврнува на тврдењата дека таа ѝ давала „валиум“ на 12-годишната Мараја, се обидела да ја продаде на макро, и фрлила врел чај врз неа.

Алисон ги негира тврдењата во книгата, и додава дека Мараја не презентирала докази за да ги потврди овие сериозни наводи.

Алисон, која имала 20 години во времето кога се случиле наводните настани, поднесе документи до Врховниот суд во Њујорк во понеделникот.

Во тужбата е наведено дека „претераните и шокантни наводи во книгата на Мараја имале за цел да ја понижат и засрамат нејзината сестра“.

Поп-sвездата ги објави мемоарите „Смислата на животот за Мараја Кери“ во септември.

 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Утре Свети Арсениј ја спушта благодатта врз оние што го повикуваат – ги услишува оние што се затрупани со грижи, кои се без работа или без надеж

Најздравата билка на светот, а никој не ја јаде

Бизарно и вознемирувачко: Апликација што “ги оживува” починатите предизвика бројни критики (ВИДЕО)