Утрински Весник
Магазин

Сер Елтон Џон го критикува одбивањето на Ватикан да благослови истополови бракови

Сер Елтон Џон го критикува одбивањето на Ватикан да благослови истополови бракови

73-годишниот музичар – кој се венча со Дејвид Фурниш во 2014 година – се насочи против Ватикан и папата Франциско, откако беше објавено во понеделникот (15 март), дека Католичката црква нема да благословува истополови бракови, бидејќи тие сè уште сметаат дека тоа е грев.

Елтон ја нападна институцијата на Твитер посочувајќи дека Ватикан вложил милиони долари во неговиот биографски филм „Рокетман“ – кој детално го опишува неговиот успон до музичка ѕвезда и евентуален брак со Дејвид – и така заработил пари од приказната за ЛГБТК.

Тој напиша: „Како може Ватикан да одбие да ги благослови хомосексуалните бракови затоа што тие ‘се грев’, но сепак среќно да профитира од инвестирање милиони во „Рокетман “- филм што го слави моето пронаоѓање среќа во бракот со Дејвид ?? Лицемерие.

Хиткејкерот – кој со Давид ги има синовите Захари (10) и Елајџа(8) – додаде и скриншот од напис во 2019 година, кој известува за финансиите на Ватикан и ја потенцира сумата од 4.5 милиони долари кои Ватикан ги донирал за два филма во 2019 година, „Рокетмен“ и „Луѓе во црно: Интернационала“.

Твитот на Елтон доаѓа откако Ватикан објави документ на две страници во кој се објаснува нивната одлука да не благословуваат истополови бракови.

Ватикан исто така инсистира на тоа дека Католичката црква сè уште ќе ги пречекува и благословува ЛГБТК луѓето, но не и нивните правни заедници.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста