Серџо Скариоло е новиот шеф на стручниот штаб на Виртус. Клубот потврди дека селекторот на Шпанија, го презеде кормилото од Александар Ѓорѓевиќ, со кого клубот не ја продолжи соработката, иако по 20 години ја врати шампионската титула во Болоња.
Скариоло (60), по три години се враќа во европската кошарка. Изминатите три години, Скариоло му беше асистент на Ник Нурс во Торонто Репторс.
Искусниот тренер покрај тренерската функција во Виртус, ќе остане да биде селектор на Шпанија.
Скариоло, кој со Шпанија два пати бил светски првак, во кариерата која ја започна во 1989 година работел во Пезаро, Дезио, Фортитудо, ТАУ Керамика, Реал Мадрид, Уникаха, Химки, Арамни и Лаборал Куча.
> Серџо Скариоло е новиот тренер на Виртус Болоња <