Утрински Весник
Спорт

Серхи Роберто не сака да ја напушти Барселона, и покрај интересот на Манчестер сити

Јувентус е заинтересиран за Серхи Роберто, Барселона е подготвена да го пушти
Dik 300x250 mk

Барселона, 6 јуни 2020 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Серхи Роберто, нема намера да го напушти каталонскиот клуб, и покрај интересот на Манчестер сити.

Според „Мундо Депортиво“ англискиот клуб испратил барање за достапноста на 28-годишниот играч, но самиот играч сака да остане во Каталонија. Тој ќе ја напушти Барселона само доколку управата ја прифати понудата на Манчестер сити.

Серхи Роберто се чувствува себеси важен играч во сегашниот тим и не смета дека е потребно да си замине.

Во сезоната 2019/20, Роберто помина 29 натпревари за Барселона, има еден гол и две асистенции.

Порталот Transfermarkt.com ја проценува вредноста на Шпанецот на 36 милиони евра. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ѓоковиќ го откажа настапот на Мастерсот во Торино

Вардар се врати на првото место на табелата

Ѓоковиќ ја освои 101та титула