Утрински Весник
Спорт

Серхио Рамос го повтори рекордот на првенството на Шпанија по број на голови меѓу дефанзивците

Серхио Рамос го повтори рекордот на првенството на Шпанија по број на голови меѓу дефанзивците
Dik 300x250 mk

Мадрид, 15 јуни 2020 (МИА) – Фудбалерот на Реал, Серхио Рамос, вчеравечер во натпревар од 28. коло од шампионатот на Шпанија постигна еден од трите гола за неговиот тим. Тој има 67 погодоци во Ла Лига и се искачи на првото место кај дефанзивните играчи.

Рамос се изедначи со Роналд Куман, но Рамос има 11 гола од пенал, додека Куман 46.

Оваа сезона, 34-годишниот Рамос има одиграно на 25 натпревари од шампионатот на Шпанија, постигнувајќи шест голови. Тој игра за Реал Мадрид од 2005 година.

По 28 кола, Реал Мадрид е на второто место на табелата со два бода заостанување зад  Барселона. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Милевски повика 28 фудбалери за средбите со Летонија и со Велс

Победа со забрана за присуство на публика на четири домашни натпревари

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“