Утрински Весник
Македонија

Сертификатот за прележан ковид ќе важи 180 дена

Сертификатот за прележан ковид ќе важи 180 дена
Dik 300x250 mk

Комисијата за заразни болести на денешната седница донела препорака траењето на сертификатот по прележан Ковид – 19 место сегашните 45 дена, да трае 180 дена од датумот на ПЦР тестот и усвоила упатства за лекување од Ковид – 19 кои ќе бидат испратени до матичните лекари.

Портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ на денешната прес-конференција рече дека засега не се размислува за укинување на ваквите сертификати. Образложи дека ако сега се укинат сертификатите за затворен простор ќе дојде до голема трансмисија на вирусот.

Мехмедовиќ додаде дека во земјите каде сертификатите се укинати, вкупниот имунитет од вакцинација е многу поголем.

Комисијата за заразни болести повика на вакцинација и за примање на трета доза за поголема заштита. Претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски, објасни дека во статистиката има шестмина починати вакцинирани со три дози од вакцина за заштита од Ковид – 19, но сите биле со претходни заболувања.

Можете да прочитате

73-годишна жена уапсена во Неготино, си го запалила домот

Преку ден облачно со сонце, од вечер повторно дожд

Спасовски: Резултатот е катастрофален, но вината не е само кај Филипче