Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Серија А: Фиорентина ја декласира Сампдорија во Џенова

Серија А: Фиорентина ја декласира Сампдорија во Џенова
Img 7972

Џенова, 16 февруари 2020 (МИА) – Фиорентина ја понижи Сампдорија на нејзиниот стадион „Мараси“ во Џенова во меч од 24. коло во Серија А.

„Виолетовите“ од Фиренца славеа со убедливи 5:1, триумф во кој со два гола учествуваа Влаховиќ (18’ и 57’) и Киеза (40’ и 78’), а автогол во раната фаза од средбата постигна Торсби (8’). Почесниот за домашните беше дело на Габијадини во 90-та минута.

Јувентус со 2:0 ја порази Бреша, Парма однесе три бода од гостувањето кај Сасуоло (1:0) додека Удинезе и Верона во првиот денешен меч одиграа без голови.

Дербито на 24-то коло е вечерва на „Олимпико“ каде Интер ќе му гостува на Лацио.

Серија А, 24. коло: Сампдорија – Фиорентина 1:5, Јувентус – Бреша 2:0, Сасуоло – Парма 0:1, Удинезе – Верона 0:0, Аталанта – Рома 2:1, Болоња – Џенова 0:3, Лече – СПАЛ 2:1.

Табела: Јувентус 57, Интер 54 (-1), Лацио 53 (-1), Аталанта 45, Рома 39, Верона 35, Парма 35, Болоња 33, Калјари 32 (-1), Милан 32, итн. сѓд/ми/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН