Утрински Весник
Економија

Сериозно се зголемуваат последиците од санкциите – Европските залихи на дизел на најниско ниво од 2008 година

Сериозно се зголемуваат последиците од санкциите – Европските залихи на дизел на најниско ниво од 2008 година

Рускиот вицепремиер зборуваше по повод поскапувањето на нафтата и гасот и санкциите кои ја погодија Русија.

– Рускиот енергетски комплекс работи стабилно, испорачува производи на светскиот пазар и покрај санкциите на непријателските земји и вистинската економска војна – изјави Александар Новак, вицепремиер на Русија.

– Зголемувањето на цените на енергијата во случај на санкции против руската нафта и гас може да биде непредвидливо, а без руските јаглеводороди ќе има колапс – додаде Новак.

– Американското ембарго за увоз на нафта и нафтени деривати од Руската Федерација придонесе за поскапување на горивата во САД за 19 отсто, иако руските испораки таму се мали – рече Новак.

– Цената на гасот во ЕУ, која на своја сметка се откажа од „Северен тек 2“, достигна 4.000 долари, што не е граница, бидејќи постојат ризици да не се полнат подземните складишта за гас – рече Новак и додаде дека недостигот дизелот во ЕУ поради санкциите против Руската Федерација може да го дестабилизира пазарот во регионот, а Европа би можела да воведе норми и ограничувања за потрошувачката на гориво.

– Руската Федерација работи на зачувување на фирмите од кои решија да заминат странските сопственици. Можеби ќе можат да го вратат или да го продадат својот удел. Русија е убедена дека во повеќето случаи ќе се најде компромис за компаниите од кои решиле да заминат странските сопственици – изјави вицепремиерот на Русија.

– Европските резерви на дизел се на најниско ниво од 2008 година. Русија никогаш не ја користела енергијата како оружје, снабдувањето со гас во Европа е во согласност со договорите – додаде тој.

Можете да прочитате

Цените во угостителството во јули зголемени за пет проценти

Во првите два месеца од 2025 година извозот 1,229 милијарди, а увозот 1,834 милијарди евра

УЈП: Инкасирани 37,4 милиони евра повеќе приходи во буџетот во споредба со јули минатата година