Утрински Весник
Свет

Сериозни обиди да се принудат палестинските бегалци да го напуштат Либан

Сериозни обиди да се принудат палестинските бегалци да го напуштат Либан
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Палестинските фракции вчера предупредија на плановите што се подготвуваат зад затворени врати со цел да ги принудат бегалците од Палестина да си заминат од Либан, објави „Араби21“.

Според информативната веб-страница, многу адвокати почнале системски да ги „охрабруваат“ очајните бегалци да прифатат компензација и да се согласат да се преселат во странство во потрага по подобар живот.

Овие активности, предупредува „Араби21“, се всушност обиди да ги принудат да го признаат своето право на враќање и да ги напуштат бегалските кампови кои беа симбол на палестинската отпорност.

Како одговор на тврдењата, извори на ПЛО рекоа дека сите палестински фракции проучуваат чекори што можат да се преземат за борба против овие мерки.

 

 

Можете да прочитате

Автомобил влета во толпа на светлосна парада во Холандија, најмалку девет повредени

На аеродромот во Единбург авион на „Ryanair“ се судри со цистерна

Тројца тешко повредени по експлозија во хемиска фабрика во Франција