Утрински Весник
Спорт

Сериозни обвинувања од адвокатот на Марадона: Лекарите доцнеа половина час

Сериозни обвинувања од адвокатот на Марадона: Лекарите доцнеа половина час

Адвокатот на Диего Армандо Марадона, Матијас Морла, по смртта на легендарниот фудбалер, во јавноста излегол со сериозни обвинувања за медицинските екипи. Тој смета дека тие не реагирале навреме.

На својот профил на „Твитер“, Морла, лекарите од Итната помош ги нарекол „криминални идиоти“. Овие зборови во твитот ги напишал со големи букви.

„Необјасниво е дека мојот пријател 12 часа нема никакво внимание или контрола од медицинскиот персонал. На Итната помош и требаше пола час да стигне, тоа е криминален идиотизам“, напишал адвокатот.

Морла дополнил дека ќе бара истрага за грижата кон Марадона и дека поради лошата реакција на Итната помош некој ќе мора да понесе одговорност.

> Сериозни обвинувања од адвокатот на Марадона: Лекарите доцнеа половина час <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила