Утрински Весник
Свет

Сериозна епидемиолошка состојба во Црна Гора, се очекува зголемување на бројот на заразени

Сериозна епидемиолошка состојба во Црна Гора, се очекува зголемување на бројот на заразени

Епидемиолошката состојба во Црна Гора е многу сериозна поради високата локална трансмисија на коронавирусот, изјави раководителката на Одделот за епидемиологија на заразни болести на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) Сања Меденица.

Во утринската програма ТВЦГ, таа ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките за спречување на ширење на инфекцијата.

„Зголемувањето на бројот не е неочекувано, оваа моментална состојба го покажува нашето однесување од пред 10 до 15 дена. Нашите колеги ни рекоа дека граѓаните слабо се придржуваат до мерките, и тоа сега се покажува“, изјави таа.

Бројот на заразени е веќе зголемен, посочува таа и додава дека така ќе биде и во иднина, бидејќи последиците од сегашното однесување се очекуваат за две недели.

Меденица вели дека за мерките за превенција се дискутира седум месеци и дека тие треба да се почитуваат.

„Тоа е мало, но ефикасно оружје, и дава големи резултати и кај нас и во светот“, рече Меденица, објави порталот РТЦГ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење