Утрински Весник
Спорт

Серена: Јас да го направев она што го направи Зверев ќе ме затвореа

Серена: Јас да го направев она што го направи Зверев ќе ме затвореа

Серена Вилијамс се огласи по инцидентот што го предизвика, Александар Зверев, минатата недела во Акапулко. Американката смета дека постојат двојни стандарди кога треба да се применат казните за инцидентите предизвикни на теренот.

Зверев, го искрши рекетот, удирајќи во судиското столче. АТП го казни со дисквалификација од турнирот, му ги одзеде бодовите што ги освои во Акапулко и парично го казни со 40.000 евра.

„Постојат двојни стандарди. Да го направев јас тоа веројатно ќе ме затвореа, не се шегувам“, рекла Серена.

Ветеранката поради повреда не и игра од Вимблдон, кога испадна во второто коло.



> Серена: Јас да го направев она што го направи Зверев ќе ме затвореа <

Можете да прочитате

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026

Драма до крај: Босна ја шокира Италија, Чешка ја елиминира Данска

Македонија без голови во Даблин – нападот повторно разочара