Утрински Весник
Политички Партии

Середба на Села со Сузана Шутц директор за ЈИЕ во германското МНР

Середба на Села со Сузана Шутц директор за ЈИЕ во германското МНР

Скопје, 9 март 2020

Денес, во просториите на Алијансата за Албанците, претседателот Зиадин Села ја пречека на средба директорката за Југоисточна Европа, Турција и земјите членки на Европската асоцијација за слободна трговија при Министерството за надворешни работи на Германија, г-ѓа. Сузана Шутц.

На средбата се разговараше за политичката состојба во земјата, изборите на 12 април и ставот на Алијансата за Албанците во воспоставувањето одржливи политики кои обезбедуваат стабилност и безбедност во земјата.

Во овој поглед, претседателот Села ги образложи сите напори за кои Алијансата за Албанците го даде главниот поттик за да се постигнат потребните измени за доброто на општиот интерес, како што се уставните измени и промената на името на државата.

Претседателот Села, исто така, ја истакна потребата за реформи во судскиот систем, здравството, образованието и сите други реформи потребни за создавање стабилна и сигурна држава, за што Алијансата за Албанците во својата програма предвидува конкретни чекори за постигнување на овие цели.

Засегнатите страни го оценија состанокот како многу конструктивен.

Алијанса за Албанците

___________________________________________________________________________________

 МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт