Утрински Весник
Свет

Сергеј Лавров: Русија ќе го разгледа барањето на Унгарија за гас

Москва ќе го разгледа барањето на Унгарија за дополнителни количини гас што сака да ги купи од Русија, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, по средбата со унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.

dobivaj vesti na viber

Унгарија, која добива околу 85 отсто од својот гас од Русија, силно се противи на идејата за какви било санкции на ЕУ за рускиот гас.

Според 15-годишниот договор со „Газпром“, кој Будимпешта го потпиша минатата година, Унгарија добива 3,5 милијарди кубни метри годишно преку Бугарија и Србија и дополнителни милијарди преку гасоводот од Австрија, пренесе „Танјуг“.

Можете да прочитате

Барел нафта во Дубаи на рекордни 166 долари

Полицијата во Абу Даби соопшти дека уапсила 109 лица за ширење лажни информации за војната на Блискиот Исток

Патријархот на Украинската православна црква, Филарет почина на 97 години