Утрински Весник
Спорт

Сенегал обвинува: Вотфорд не го пушта Сар на Африканскиот куп

Сенегал обвинува: Вотфорд не го пушта Сар на Африканскиот куп
Dik 300x250 mk

Сенегал го обвинија премиерлигашот Вотфорд дека одбиваат да го пуштат нивниот фудбалер од средниот ред Исмаила Сар за Африканскиот куп на нации (АФЦОН) овој месец, и ќе бараат интервенција на ФИФА.

Според сенегалската федерација, Вотфорд им објавиле дека нема да го пуштат Сар за турнирот во Камерун кој почнува на 9 јануари и каде што Сенегал се едни од фаворитите, и покрај тоа што самиот фудбалер сакал да биде со репрезентацијата. Доколку Вотфорд продолжи со „намерното одбивање“ да го пушти фудбалерот, сенегалската федерација (ФСФ) ќе го однесе случајот кај ФИФА.

„ФСФ сака да објави целосно осудување на непочитувањето и дискриминаторското однесување на Вотфорд, кои не дозволуваат фудбалер да игра за својот национален тим. Африка, фудбалот и фудбалерите заслужуваат иста почит која се дава на другите континенти, конфедерации и фудбалери“, се вели во објавата на федерацијата.

Сар нема играно по повредата на коленото при 4:1 победата над Манчестер јунајтд во ноември, но е блиску до целосно враќање на формата. Вотфорд веќе одбија да го пуштат нигерискиот напаѓач Емануел Денис, објаснувајќи дека федерацијата не побарала на време тој да биде изземен од тимот.

> Сенегал обвинува: Вотфорд не го пушта Сар на Африканскиот куп <

Можете да прочитате

Синер доби рекет од три килограми направен од чисто злато по освојувањето на „Сикс Кингс Слем“

Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс

Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето