Утрински Весник
Македонија

Сенатот на Шпанија на 17 март ќе го ратификува Протоколот за НАТО

Уште девет земји не го ратификувале протоколот за членство во НАТО, се очекува постапките да завршат до есен
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 12 март 2020 (МИА) – Сенатот на Шпанија на 17 март ќе одржи пленарна седница на која ќе го ратификува Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, објави вечерва на фејсбук министерот за надворешни работи Никола Димитров.

– И покрај кризата околу корона вирусот и суспендирањето на сите други активности, Сенатот на Шпанија пред малку одлучи на 17 март да одржи пленарна седница со единствена точка на дневен ред: Ратификација на Пристапниот протокол за членство на Северна Македонија во НАТО! ¡Muchas gracias España!, пишува Димитров.

Протоколот, на 27 февруари доби зелено светло од Долниот дом на шпанскиот Парламент.

Шпанија е последната земја од членките на НАТО, која сè уште не го ратификувала Протоколот. Процесот таму се одолжи поради изборите и формирањето на Владата. Протоколот кај нас, пак, беше ратификуван со одложено дејство, заради распуштањето на Собранието и предвремените парламентарни избори.са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ има нов тим, нова сила – нова енергија!

ВМРО-ДПМНЕ: Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ

Вонреден инспекциски надзор на Клиниката за гинекологија по случајот со починато бебе