Утрински Весник
Магазин

Семјуел Џексон гравитира кон популарни филмови

Семјуел Џексон гравитира кон популарни филмови

Семјуел Л. Џексон претпочита да глуми во филмови за пуканки и кока кола, односно филмови што ќе привлечат публика.

Џексон се појави во низа блокбастери, вклучувајќи го „Паркот Јура“ и „Војна на ѕвездите“ во текот на плодната актерска кариера, и сега призна дека гравитира кон филмови во кои би уживал кога бил помлад.

„Не се занимавам многу со комплексни студии за карактери. Имам тенденција да правам филмови за пуканки, оние што би одел да ги гледам кога бев дете, филмови што ме прават среќен. Затоа што, мислам, луѓето одат во кино за да бидат вовлечени во радоста и возбудата на животот,“ рече 73-годишниот актер.

Ѕвездата на „Евтини приказни“ (Pulp Fiction) ќе добие почесен „Оскар“ за неговиот придонес во филмското творештво на свечената церемонија подоцна овој месец, но тој никогаш не добил златна статуетка за улога и покрај тоа што глумел во повеќе од 100 филмови.

Actor Samuel L. Jackson poses at the World Premiere of Marvel Studios’ “Spider-man: Far From Home” in Los Angeles, California, U.S., June 26, 2019. REUTERS/Danny Moloshok

Џексон тврди дека треба да се додели награда за најпопуларен филм на годината.

„Треба да имаат Оскар за најпопуларниот филм. Бидејќи тоа е она што го прави овој бизнис,“ рече тој неодамна.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста